„Небо“ – нов секси спот од Сара Мејс

Сара Мејс на провокативен начин ги крши границите на конвенционалното со спотот за новата песна „Небо“. Видеото претставува екстатична изложба на нешто што е ново и свежо во македонската музика.

-Музиката е искра на мојот емоционален и интелектуален развој. Таа секојдневно ме поттикнува да размислувам динамично и да ја развивам мојата креативност. Во неа има безброј можности, безброј комбинации на стихови, звуци, ноти и стилови. Постои цел свет на музика кој само чека да биде испишан и креиран. Оваа моќ која ми ја дава музиката е всушност тоа што енергетски ме надополнува и ме мотивира да создавам, вели Мејс.

Музиката на „Небо“ е на Сара Мејс, Иван Петровски и Неврус Бајрам, текстот е на Сара, аранжманот на Иван и Неврус, додека пак миксот и мастерот е на Горан Гешовски.

Видеозаписот е снимен во Македонски народен театар, со целосна режија и организација на Александар Ристовски Принц и со кореографија на Јана Петровска. За стајлингот и шминката беа задолжени модното студио ФРАН, Hair House, Signori и Dioptra Couture.

Ова е првиот сингл од проектот „Floating through space with Sarah Mace“, кој ќе биде претставен пред македонската публика со голема концертна промоција на 26-ти септември, на платото на Плоштад Мајка Тереза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби