Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон на АМА наградите

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон во освоени награди на Американските музички награди (АМА) доделни вчера во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

Hi guys have I told you lately that I LOVE YOU 📸 @kevinmazur

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift) on


На свеченоста, таа освои шест награди – меѓу кои и за најдобар поп / рок албум, за „Lover“ и за изведувач на годината. Со тоа таа има вкупно 29 статуетки, пет повеќе од некогашниот „крал на попот“.

– Овој албум навистина го доживеав како нов почеток. Си го сакам и новиот рекорд – и на национално и на државно ниво, истакна таа примајќи ја првата награда. 3а втората, Свифт им заблагодари, пред сè, на продуцентите на шоуто, но не и на нејзините, со кои имаше доста бурна разделба.

Имено, познато е дека нејзините доскорешни соработници Скутер Браун и Скот Борчета сè уште ги поседуваат правата за претходните песни на Свифт и судски не ѝ дозволија да ги пее, иако немаат удел во создавањето на композициите.

Свифт ги освои и наградите за женски поп-рок изведувач, омилен изведувач и видеоспот на годината, за „You Need to Calm Down”. Таа беше прогласена и за изведувач на деценијата.

Следуваат другите побитни награди:

Најдобар нов изведувач: Били Ајлиш.

Најдобар машки поп / рок изведувач: Калид.

Најдобра поп / рок песна: „Without me” на Халси.

Соработка на годината: „Señorita” на Шон Мендез и Камила Кабело.

Омилена филмска музика: „Квин“ за филмот „Бомска рапсодија“.

Најдобар рап / хип-хоп изведувач: Карди Би.

Најдобра рап / хип-хоп песна: „Old Town Road” на Лил Нас Екс и БилиРеј Сајрус.

Најдобри кантри изведувачи: Кејн Браун и Кери Андервуд.

Најдобра кантри песна: „Speechless” на Ден и Шеј, кои беа прогласени и за најдобра кантри-група или дует.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби