Светски познатата пејачка, Адел, го објави својот нов сингл ,,Easy On Me” и сосема очекувано ги воодушеви своите обожаватели ширум светот. Долгоочекуваната песна е дел од нејзиниот нов албум ,,30” кој доаѓа по петгодишна пауза од музичката сцена.
Претходно пејачката во Instagram live, откри дека песните ги отсликуваат емотивните превирање кои ги имала за време на разводот со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, Симон Конецки.
Новиот албум, официјално ќе излезе во продажба на 19 ноември. До тогаш уживајте во стиховите на ,,Easy On Me”.