Стинг со нов албум – „The Bridge“

Познатиот британски музичар Стинг го претстави својот нов албум „The Bridge“, појаснувајќи дека тоа е метафора за надминување на неволјите.



На Стинг – „граѓанин на светот“, му било непријатно повлекувањето на Велика Британија од членството во Европската Унија (ЕУ), па смета дека Лондон така ги пресекол сите мостови со Европа.

– За мене Брегзит е трагедија. Тажен сум за мојата земја!, рече 70-годишниот поп-пејач во интервју при неговиот престој во Париз, сред турнејата настапи од Атина до Лас Вегас.

Музичарот оцени дека на младите Британци им е одземена можноста да ја „доживеат Европа и тоа е сосем налудничаво“. Според него, политичката атмосфера во Велика Британија изгледа опасна поради растечките популистички движења. За епидемијата на коронавирусот, уметникот рече дека не го разбира отфрлањето на вакцината и оти ја примил без двоумење.

– Доволно сум возрасен за да се сетам на децата кои имале детска парализа, болест која беше искоренета со вакцина, рече Стинг.

Според него, сите бараат мост да одат некаде, понатаму… Кон подобро место. Новиот албум, кој ќе излезе во петок, е мешавина од џез, рок и традиционална музика. Нему „не му било тешко да го сними албумот среде пандемијата, карантини, изолации“…

– Не е ништо ново да се снима „на растојание“. Тапанарот може да биде во Лос Анџелес, а јас да бидам во Париз, а некој друг музичар во Италија. Тајната е во тоа да се воспостави некаков заеднички интимен простор и да има срдечни односи, вели Стинг.

Стинг беше водач на групата „Police“, која имаше планетарен успех, по што во 1985 година започна исто толку успешна соло кариера. Музичарот се осврна и на други политички и еколошки прашања – од ослободувањето на Нелсон Мандела до заштитата на прашумите во Амазонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби