НФЛ: Ријана ќе настапи на следниот „Супербол“



Лос Анџелес, 26 септември 2022 (МИА) – Националната лига во американско рагби – НФЛ објави дека Ријана ќе настапи на полувремето на „Суперболот“ следната 2023 година.

Пејачката, чии обожаватели со години го очекуваат следниот нејзин албум, неколку минути претходно на Инстаграм објави сликовито-симболична фотографија од рака којашто држи рагби-топка. Ријана, инаку, беше поканета да настапи на полувремето во 2019 година, но одби во знак на поддршка кон Колин Кеперник, кој се соочи со бурни реакции затоа што клекна за време на националната химна, протестирајќи против полициската бруталност врз Афроамериканците.

Настапот на Ријана на полувремето ќе биде нејзин прв поголем настап по 2018 година. Таа нема издадено нов албум од „ANTI“ во 2016 година, а во меѓувреме се занимаваше со мода, шминка и долна облека. Таа, исто така, го роди своето прво дете со раперот АСАП Роки оваа година.

Следното, 57. финале на НФЛ-шампионатот ќе се одигра на 12 февруари 2023 година на стадионот Стејт Фарм, домот на Аризона кардиналс во Аризона.

Со текот на годините, настанот го обележаа изведби на Мајкл Џексон, Мадона, Џастин Тимберлејк, Џенет Џексон, Бијонсе, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Принс, Шакира, Бруно Марс… На спектаклот оваа 2022 година присуствуваа Еминем, Д-р Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар и гостинот-изненадување Фифти Сент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби