Светски познатиот виртуоз на виолина Ара Маликиан со „Јовано Јованке“ Ве кани на концерт - „Се вљубив во оваа песна“

Веќе добро знаете дека еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, Ара Маликиан, на 18 октомври за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во „Македонска филхармонија“.



Токму по тој повод, светски познатиот виртуоз на виолина испрати покана до сите негови фанови во Македонија, свирејќи ја македонската песна „Јовано Јованке“ за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби бројни комплименти.

Дали знаевте дека Ара Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, а свој концерт одржал и на стадионот Сантјаго Бернабеу.

· Има снимено 30 албуми во период од 25 години.

· Настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио.

· Има добиено безброј награди и признанија, а двапати бил номиниран за најдобра класична изведба на Музичките награди во Шпанија.

· На само 14 години бил повикан да студира на престижниот

· Во својот репертоар освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па се до Лед Цепелин и Николо Паганини.

Маликиан сака да се поврзе со својата публика. Знае да каже дека она што денес го прави, не е ниту за телевизиите, ниту пак за менаџерите. Тоа е за публиката, која не бара совршенство, туку да слуша композиција која звучи исто како што звучела пред 300 години. Затоа што публиката сака да биде трогната.

А македонската публика со сигурност ќе биде трогната на 18 октомври, кога на сцената во „Македонска филхармонија“ ќе застане виртуозот на виолина Ара Маликиан.

Концертот на Ара Маликиан во Скопје ќе биде еден и единствен кој нема да има реприза, затоа побрзајте!

Влезниците имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

❗Ара Маликиан со ,,Јовано, Јованке” Ве кани на концерт ❗ ✨ Светски познатиот виолинист Ара Маликиан испрати покана до сите негови фанови во Македонија, свирејќи ја македонската песна ,,Јовано, Јованке” за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби бројни комплименти. 💫 18 октомври ,,Македонска филхармонија” - Концерт на Ара Маликиан во Скопје 🎙️Концертот ќе биде еден и единствен, кој нема да има реприза! 🎫 Побрзајте и обезбедете ја вашата влезница преку продажната мрежа на: ▪️http://www.kupikarta.com ▪️Розе Веро 2 ▪️Јк травел во Бисер

Posted by Pragma Music Entertainment on Thursday, September 26, 2024



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби