Премиера на новата песна на Јелена Розга во магичниот амбиент на Охрид

Во прекрасниот парк на Галеријата Мештровиќ, на една од најубавите сцени на Медитеранот, викендов се одржа третиот по ред „Мелодии на Јадранот“, а најочекуваниот настап беше оној на Јелена Розга. Не е изненадување, со оглед на фактот дека претходните две фестивалски изданија ги донесоа едни од најубавите балади на Јелена, „Иди ти“ и сега веќе легендарната „Лавица“, една од најизведуваните песни во изминатата година. Најновата „Зачарани круг“, создадена како уште еден успешен плод на тандемот Вјекослава и Тончи Хуљиќ, аранжирана од Лео Шкаро, ги освои срцата на сите присутни уште при првото слушање, а храброста и нежноста на жената испеана од силниот вокал на Јелена ни овој пат не оставија никого рамнодушен. Розга уште еднаш ја оправда титулата една од најголемите регионални музички ѕвезди.



„Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит, но и на овој простор и во ваква средина. Она што сега го очекувам е да ја гледам песната како расте во срцата на мојата публика, а потоа со нив да го споделам микрофонот. Тој маѓепсан круг на размена на енергија и љубов помеѓу мене и мојата публика сепак е нешто најубаво“, вели Јелена, која „Зачарани круг“ премиерно пред македонската публика ќе ја отпее на сцената на охридскиот Антички театар на 29 јули.

„Едвај чекам да дојде 29-ти јули. Возбудена сум, морници ме лазат кога ќе помислам дека ќе стојам на таа сцена. Многу пати сум била во Охрид, но овој пат ќе биде посебно. Прекрасен град, магична локација. Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам, и еве, тој ден доаѓа“, рече Розга при неодамнешната посета на Скопје.

Инаку, настапот на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид се најавува како концерт на летото – симфониски спектакл под отворено небо, исполнет со најголемите балади и енергичните хитови што ја одбележаа нејзината кариера. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, страст и беспрекорен настап во придружба на гудачки оркестар каков што само таа умее да понуди.

Концертот ќе се одржи на 29 јули, а билетите се продаваат преку мрежата на yournextevent.info, по цени од 1.500 до 2.200 денари, во зависност од местоположбата, и на продажните места Кај Аждер – Охрид, Саде-С Тобака – Скопје, Да-Ми компани Тобако – М.А. Ченто, Тобако 51 – Прилеп, City Point (позади Нама & во Citymall) – Штип и Димпо Тобака – Битола.

Не пропуштајте да бидете дел од спектаклот на Јелена Розга кој под светлината на ѕвездите и во магичниот амбиент на Античкиот театар ќе биде вечер на емотивни балади, моќни хитови и беспрекорен сценски настап – вечер исполнета со музика и страст!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби