Нокаут го прикажа најдоброто од Македонија

текст: Бојан Бошковски фото: Дарко Христов

Вчеравечер македонската публика имаше можност во живо да види што значи вистински unplugged концерт. Иако кога ќе се спомене бројка од седум илјадна публика сигурно ни на крај памет нема да си претпоставиме дека станува збор за акустичен концерт, но Нокаут покажаа како изгледа unplugged концерт на една позната светска група. И што е најдобро од сè, тие се всушност „made in Macedonia“.

Целото предновогодишно уживање изгледаше како временска машина бидејќи сцената беше дизајнирана како кабаре од почетокот на 20-тиот век, а посебен шмек на вечерта го дадоа костимите на музичарите кои нè вратија во времето. Нокаут, на чело со Никола Перевски – Пере и Владимир Крстевски Франц, беше дополнет со уште седум музичари и неговите гости Игор Чамбазов, Фиц од Студени нозе, Мио од ДНО, Мики Јовановски – Џафер, Сања Златкова од КУД „Билјана“, Игор Атанасовски – Харе и поранешниот член на Нокаут, Кире Колемишевски. Сите тие направија три и пол часовен концерт, кој ќе се раскажува уште долго.

Почетокот на три и пол часовното возење со временската машина започна со „Мене ми припаѓаш“, „Фатална опсесија“ и најновата емотивна песна на момците, „Знаеш каде да ме најдеш. Публиката тотално се загреа и раскока со првиот гостин Фиц од Студени нозе и култните песни на групата која остави силен печат во историјата на македонската музика. „Ти си проблем“ и „Опинок“ ги подготвија обожавателите за емотивното дружење кое продолжи со песните на Нокаут, „Африка“, „Лебедот бел“...

Потоа на кабаре сцената се качи Мио од ДНО, а по него публиката во еден глас заедно со Пере и Франц ја испеаја една од нивните најдобри песни „Би се викал те сакам“. Легендарниот Мики Јовановски – Џафер беше третиот гостин кој нè потсети на најубавата македонска песна „Сонце за три светови“, за да потоа на Нокаут им се приклучи поранешниот нивни член, Кире, кој ја изведе популарната „Телефонскиот број не постои“.

Концертот кулминираше со излегувањето на Игор Џамбазов кој создаде еуфорија кај публиката. Настапот на Џамбазов едноставно не може да се опише со зборови, бидејќи беше преполн со емоции кои се пренесоа на целата публика. Тој заедно со Пере и Франц одржа мини концерт, кој ги сочинуваше неговите авторски песни, како и популарните „Во бестрага“, „За нас“ и „1000 причини за крај“.

Целиот концерт беше ретко доживување за публиката заради што истата не дозволи Нокаут туку така да си замине од сцената. Крајот го одбележа нивното враќање на бис и повторната изведба на омилените песни.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби