ITV се извини на Адел поради инцидентот на Brit Awards

Британската телевизиска комапнија ITV , јавно и се извини на првата дама на британската поп музика Адел, за инцидентот што се случи доцна синоќа за време на церемонијата при доделувањето на годинешниве музички награди Brit Awards, јави дописникот на МИА од Лондон.

Со извинување се огласи и организаторот на оваа традиционална и манифестација, која е британска верзија на светски познатата церемонија за доделување на музички награди Grammy, на која Адел триумфираше, како првата британска пејачка што освои дури шест награди.

Синоќешниот инцидент се случи во моментот кога Адел, примајќи ја наградата за албум на годината, почна да се заблагодарува. Неуспевајќи да го заврши тоа што сакаше да го каже, таа беше грубо прекината, среде зборување, од водителот познатиот британски комичар и забавувач Џејмс Корден. Неговата неочекувана постапка предизвика бучно негодување од дел од публиката во салата, а навредената Адел му покажа „среден прст“ на водителот и си замина од сцената.

Претходно таа рече дека „ништо не ја прави погорда од тоа да дојде дома (во Велика Британија) со шест Grammy награди, а тука да ја освои и Brit Award. Горда сум што сум Британка и што го развевам нашето знаме, рече Адел, но беше прекината од водителот.

Во извинувањето на ITV се вели дека жалат за инцидентот, но постапката на водителот ја објаснуваат со времето предвидено за телевизискиот пренос, што и онака велат дека било пречекорено. Адел и самата подоцна изрази жалење за својот гест „со прстот“, но рече дека тоа им било упатено на водителот и на организаторите, а не на публиката и на нејзините симпатизери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби