Кумановската револуција започнува „Револушн фестивал“

На самиот почеток на летово, Куманово ќе биде местото кое ќе ги собере најдобрите алтернативни, рок и хип-хоп групи, диџеи од земјава и регионот. Викендот на 28-ми и 29-ти јуни, на локалитет Спомен Костурница, под покровителство на Општина Куманово, а во организација на „Саунд Репaблик“ (Sound Republic) и „Горила продукција“, ќе се одржи првиот „Револушн фестивал“ (Revolution Festival).

Револуцијата првиот ден ќе ја започнат тетовските алтернативци "Скајрајз" (Skyrise), како кумановските хип-хоп звезди, Подземан Ефект. Забавата ќе продолжи со настап на нашиот најиновативен бенд "Фулиш Грин" (Foolish Green), а кулминација на вечерта ќе биде настапот на култните Нокаут. Скопското дуо "Aутмајнд" (Autmind) ќе продолжи со размрдување на публиката, а за забавата до доцните утрински часови ќе бидат задолжени едни од најдобрите домашни диџеи, "Флудер" (Flooder) и Зоки Бејбе. Саботата ќе продолжи со „револуционерите“: кумановските бендови Вандал и Ептен, гостите од Србија "Гаддем" (GodDamn), а за музичкото „ослободување“ на Куманово ќе „пукаат“ Ајс Нигурин, Скај Виклер и Тимбе, или со еден збор најголемата хип-хоп атракција од Србија, "Бед Копи" (Bad Copy).

Во екот на саботната вечер, Костурница ќе ја "тресе" македонската диџеј легенда, Гоце САФ, додека фестивалот со свој сет ќе го затвори кумановскиот диџеј Никола. Како што веќе напоменавме, првото издание на овој дводневен „Револушн фестивал“ ќе се одржи на кумановската Костурница на 28 и 29 јуни со почеток во 19:00 часот.

Влезниците ќе бидат пуштени во предпродажба на 5-ти јуни по промотивна цена од 300 денари за блок карта од два дена преку продажните места на Купи Карти За Се, Бар Кјуб и Паперино Мото Шоп. Кумановци важат за една од најдобрите публики, секогаш спремна за забава, додека организаторите ветуваат фестивал на светско ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби