Од смешно до трагично: Кој треба да го води X-Factor?

Регионалниот X-Factor привлече огромно внимание од јавноста, секојдневно за него се пишува и се коментира, а има и зошто – одлична концепција, фантастични натпреварувачи, интересно жири и „безброј водители“.

Кога започна шоуто, продукцијата „MBK“ гордо го претстави актерот Бане Јевтиќ (36) како водител. Релативно непознат српски актер кој не заблеска пред камерите, ниту пак направи некој страшен гаф кој би требало на крај да го чини „домаќин“ на X-Factor.

Балканските медиуми на самиот почеток преноса информација дека Бане „лета“ од шоуто, а продукцијата порача дека тој останува. Меѓутоа тој по само неколку недела си замина, па на првата лајф вечер од X-Factor, „добра вечер“ ни посака натпреварувачот кој се збогува од понатамошните шанси за финале, Славко Калежиќ.

Црногорскиот актер (28) на домашната јавност и беше познат како поранешен дечко на Марија Шерифовиќ и човек чии гримаси и однос го нервираа Жељко Јоксимовиќ, водеше само една епизода. Кога се рашири веста дека тој ќе биде сменет. Славко изјави дека тој сигурно останува и дека нема да биде заемент.

Вчерашното шоу започна со познато лице, но не она на Славко, туку со Ана Грубин, водителка која ние ја знаеме од Големиот Брат и Операција Триумф, шоуа кои се пренесуваа и кај нас. Таа на само неколку часа пред почетокот на 2-та вечер од лајф шоуто беше претставена како ново заштитно лице на X-Factor.

Тој баланс се сведува на три водители за три недели. Можеби и поради тоа Жељко синоќа рече дека публиката е онаа која ги оценува натпреварувачите, жирито, но и водителот, на што Ана само се насмевна.

Според коментарите на друштвените мрежи, Ана не се снашла најдобро во оваа улога. Константно лајф вечерта ја викала „финалето“, иако постои само едно финале од X-Factor, а до него има уште месец дена, го згреши името на Маид Хечивовиќ и самата на крајот на епизодата се одјави со реченицата „Добра ноќ, кој знае кој ќе го води ова шоу идната недела“.

За сите новости следете не секојдневно, бидејќи Идивиди се труди секојдневно да биде во тек со овој популарен настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби