Кајмакоски конечно си доби договор за албум

Даниел Кајмакоски, кој го крена Балканот на нозе откако победи на првиот регионален X-Factor по долго време, дојде до договорот за издавање на албум. Тој потпиша договор со агенцијата „Менарт“, која е официјален застапник на Sony Music Entertainment.

Претставниците будно го следеа течението на X-Factor, онака како што го прават тоа Sony Music Entertainment насекаде низ светот. Нашиот Даниел заслужено победи и иако незадоволен од тоа што наградите не му стигнуваа во ветениот рок, сега конечно може да здивне. Тој доби автомобил Mini Cooper Coupe, парична награда од Master Card во износ од 10.000 евра, договор за снимање на албум, два видео спота и ПР поддршка од продукцијата.



- Горди сме на фактот што „Менарт“, посреден застапник на Sony Music – Syco, ќе има можност да соработува со победникот на првата сезона на регионалното издание на Икс Фактор, Даниел Кајмакоски, кој е фантастичен пејач. Градењето и работата на неговата кариера ќе биде еден од нашите приоритети во периодот кој следува, и тоа во сите држави од регионот каде што беше емитуван Икс Фактор, изјави Бранко Комљеновиќ, директорот на хрватската продуцентска куќа.



И Даниел ги искажа своите импресии кои ги сподели на профил на Facebook: Драги пријатели, пресреќен сум што можам да соопштам дека ми се оствари уште еден сон. Потпишав договор со Менарт, продукциската куќа која ќе го издаде мојот прв албум. Очекувајте ја наскоро и мојата прва песна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби