Brit Awards: Шоу на очекувани награди и неочекувани паѓања

Синоќа се одржаа Британските музички награди, односно шоу кое единствено по што ќе го запаметиме е паѓањето на Мадона и тоа на сцена. Изгледа дека секоја година има по некоја позната ѕвезда било од музичката, било од филмската индустрија која некако успева да падне и да го обележи шоуто.



Сепак, освен Мадона, Ед Ширан, кој  ја доби наградата за најдобар британски соло артист и најдобар албум на годината и Сем Смит со наградите за глобален успех и британско откритие уште еднаш покажаа дека имаат доволно потенцијал во една година заслужно да добијат неколку награди.



Канје Вест ја искористи приликата да промовира нова песна „All Day“ која е исполнета со безброј пцовки. За неговото појавување на сцена заслужна беше Ким Кардашијан, која мораше да направи едно селфи на сцена, заедно со домаќините на шоуто, Ант и Дек. Можеби Ким се гордееше со сопругот, но Тејлор дефинитивно повторно „растури“ со нејзините движења.





Таа го отвори шоуто со нејзината песна „Blank space“, а подоцна ја прими првата британска награда во својот живот, интернационален женски соло артист.

- Не можам да верувам. Доаѓав во Англија и цели 8 години имав разни перформанси, па затоа среќна сум за оваа награда. Сепак, не би била тука ако не беше еден од моите најдобри пријатели кои ме поведе во јавност и ми покажа како да направам убав чај, те сакам Ед Ширан, изјави Тејлор додека ја примаше наградата.



Можеби на овие награди имаше на повидок и два потенцијални парови. Имено на доделувањето на наградите први кои флертуваа беа Луис Хамилтон и Ели Голдинг. Луис ја искритикува Ели дека изгледала како да се наоѓа на некоја венчавка, а таа му одговори, да можеби нашата венчавка.

И додека Ели го „закрпи“ Луис со коментарот, Орландо Блум не можеше да се воздржи, а да не погледне во длабокото деколте на Рита Ора. Дури и се пошегува на нејзина сметка дека се надева нема да се види нешто повеќе, иако сигурни сме дека би го израдувало тоа.



Целосна листа на победници:

Британско видео на годината: One Direction, „You and I"
Британско откритие: Сем Смит
Британски албум: Ед Ширан, Х
Британски женски соло артист: Палома Фејт
Британски машки соло артист: Ед Ширан
Британска група: Royal Blood
Интернационален машки соло артист: Фарел Вилијамс
Интернационален женски соло артист: Тејлор Свифт
Интернационална група: Foo Fighters
Избор на критичарите: Џејмс Беј
Британски продуцент: Пол Епворт
Британска песна: Марк Ронсон и Бруно Марс „Uptown Funk"
Британски глобален успех: Сем Смит



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби