Капитенот на Сантос, Нејмар, призна дека се срами од резултатот во натпреварот од 20. коло од бразилското првенство против Васко де Гама (0:6).

Триесет и тригодишниот напаѓач го одигра својот 250. натпревар за тимот од Сао Паоло, во кој се врати по 11 и пол години. За него, ова е прв ваков голем пораз во неговата кариера.
- Срам ми е. Целосно сум разочаран од нашата игра. Навивачите имаат целосно право да бидат лути. Имаат целосно право да нè пцујат и навредуваат. Многу ми е срам. Никогаш во животот не сум доживеал нешто вакво, изјави Нејмар за „Дејли меил“.
Фудбалерот ја објасни и причината за своите солзи по завршувањето на натпреварот.
-Солзите беа од лутина, од сè. За жал, не можам да помогнам. Во секој случај, беше целосно ср.ње, тоа е реалноста, додаде тој.
Во Бразилското првенство во 2025 година, фудбалерот одигра 11 натпревари и постигна три гола.