Миранда ќе игра за Македонија

Селекторот Мирсад Јонуз посакува да го види младиот "кариока" во репрезентацијата до 21 година

Деветеасетгодишниот Бразилец во редовите на Пелистер, Адриано Миранда Ди Карваљо, со своите игри го сврте вниманието во таборот на нашата млада селекција. По завчерашната средба со Цементарница 55 од страна на селекторот Мирасад Јонуз до раководството на Пелистер било "ковертирано" предлог барањето овој млад и квалитетен фубалер да ги брани боите на нашата репрезентација до 21 година. Младиот Бразилец кој во Пелистер дојде како позајмен од Литекс Ловеч (Бугарија), за својот краток престој во нашиот фудбалски шамионат ги потврди своите квалитети и е на добар пат, доколку се согласи, да биде дел на младата репрезентација до 21 година. Доколку го стори тоа веднаш ќе се преземат потребните процедури Миранда да добие македонски пасош и да настапува во младата селекција.

Селекторот на нашите млади надежи, Мирсад Јонуз, е задоволен од играта на Миранда, а преговорите околу неговиот ангажман веќе се почнати и се очекува да одат во позитивна насока.

" Миранда го 'снимаме' веќе подлго време. На последните четири средби кои ги одигра за Пелистер го следев лично, а беше и под будното око на моите асистенти. Покрај ова го имаме простудирано и од видеоснимките од истите натпревари. Се работи за млад фудбалер кој ги поседува сите потребни фудбалски елементи и за кој, доколку се согласи, ќе има место во нашата млада селекција. Лично разговарав со раководството на Пелистер на кои им порачав да му го пренесат ова за да се знае дали кај него постои желба да настапува за нашата млада репрезентација. Ако се согласи подготвени сме да ги преземеме сите активности тој да добие македонски пасош и да биде дел од нашиот млад табор. Овој случај е ист како со Александар Лазевски, кој пред неколку месеци доби македонски пасош и сега успешно настапува за нашата млада селекција", истакна селекторот Мирсад Јонуз.

Раководството на Пелистер по разговорите со селекторот Мирсад Јонуз чека официјален став од ФФМ за Миранда околу неговото ангажирање во младата репрезентација.

Во минатото, односно пред неколку сезона имаше најави дека во младата репрезентација ќе се појават и Адекунле Лукмон кој тогаш настапуваше во Влазрими како и на тогашнот член на Работнички К., Арманд Дубоис Јанкеп. Најпрво се преговараше со Јанкеп да заигра во дресот на Македонија, а потоа и за Лукмон. Меѓутоа двајцата Нигеријци никогаш не ја добија потребната документација за настап во селекцијата до 21 година. Потоа Јанкеп замина во Хрватска, додека Лукмон моментално е во Работнички К. и сеуште би сакал да земе македонски пасош и да настапува за "А" селекцијата. Дали некогаш Нигериецот ќе го облече дресот на нашата репрезентација ќе покаже времето.

Во сениорската селекција сме имале натурализирани Бразилци, но и не многу корист од нив. Дресот на Македонија го носеа Брага, Жилсон и Вандаир, но само по некој настап и тоа е се. Од актуелните репрезентативци Стевица Ристиќ е натурализиран Македонец кој е роден во Србија. Порано имаше најави дека и Иван Пејчиќ од Работнички К. ќе добие македонски пасош и ќе игра за нашата селекција, но тоа до ден денес не се случи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...