Мали машки тајни

Постојат мали тајни кои повеќето мажи радо не би им ги откриле на своите партнерки. Сепак, доколку ги открие поубавиот и понежниот дел од човештвото, исходот може да биде позитивен, како и достигнување на врска полна со хармонија.

Проблем со големината на алатот


Пенисот е особено осетлив дел од машкото тело, дури и кога е направен од камен, како на статуите од познатите светски музеи, каде овој дел од телото најчесто е откинат. Значи, добар дел од машката популација смета дека некои припадници на нивниот пол имаат многу поголем алат од нивниот, особено ако станува збор за поранешниот љубовник на сегашната девојка или од некој пријател. Секако резултатот е разнишана самодоверба, поради што најчесто страда сексуалниот чин.

Решение: Бидете особено внимателни. Доколку е голем уверете го во тоа. Ако е просечен речете дека му е голем, а ако е мал, украсете ја и разубавете ја оценката со потсетување дека дебелината е најважна за жените.

Фантазирање

Повеќето мажи замислуваат некоја друга жена додека водат љубов. Сепак, како што не можат точно да одредат кои фантазии ги возбудуваат во даден момент, така не можат ни да одберат за што ќе фантазираат. Така најчесто фантазираат за одредена личност – за некоја со поинаква коса и однесување.

Решение: Вметнете се во неговите фантазии прашувајќи го што навистина го возбудува. Се додека не постои желба за хируршка интервенција, задоволете му ја желбата. За возврат, објаснете му што навистина ве возбудува.

Потреба за загревање

Истражувањата покажуваат дека на мажите им е нужна интимата, иако тоа не го признаваат. Кај секој маж, подлабоко или поплитко лежи чувствително момче на кое му е потребна грижа и внимание. За жал, мажите прават неверојатни напори за да ја прикријат таа потреба.

Решение: Гушкајте го често, глумејќи дека имате потреба од нежна прегратка.

Страв од губење на контролата

Мажите се луди за контрола и тоа не може да се измени. Од друга страна обожаваат жени кои знаат што сакаат ( се додека ги вклучува и нив) и која знае како тоа да го направи ( се додека на ТВ не е некој натпревар). Мажите се длабоко убедени дека тие одлучуваат во спалната соба. Секој најмал знак во спротивна насока предизвикува паника.

Решение: За да преземете дел од надзорот во кревет, морате да бидете отворени за сите аспекти на вашата врска.

Мастурбира барем трипати неделно

Според некои истражувања, 70 отсто од мажите во врска признаваат дека мастурбираат трипати неделно. Но, доколку такво прашање им поставите на девојките тие ќе ја отфрлат и самата помисла за признавање на такво нешто. Ваквите статистики нека не ве плашат. Имено, мажите често мастурбираат, особено ако се во добра врска.

Решение: Преземете го проблемот во ваши раце. Зборувајте му за вашето мастурбирање, или уште подобро покажете му како тоа се прави и охрабрете го и тој тоа да го направи пред вас. И немојте да бидете љубоморна на госпоѓицата „Ракич“ сепак таа е неговата прва љубов.

(Д.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби