Кои се најчестите грешки во држењето на телото за време на разговор за работа?

Говорот на телото кажува многу во разговорите за работа, велат стручњаците. Следат дел од најчестите грешки коишто луѓето несвесно ги прават при таков разговор.



Подгрбавеноста може да изгледа како недостиг на самодоверба и ентузијазам. Совет: Поставете се исправено за да изгледате професионално, посветено и проактивно.

Прекрстените раце на градите може да покажат „одбранбено или затворено“ однесување. Наместо тоа, се препорачува слободно и опуштено држење ги рацете - заради впечаток на „пристапност“ до личноста. А пак, играњето со предмети, како: пенкало, хартија, е-цигара и сл. може да укаже на здодевност или вознемиреност. Држете ги рацете смирени и избегнувајте однесување што го одвлекува вниманието, пишува „Times of India“.

Прекумерната нервоза, со тапкање со стапалото, играње со косата итн., исто така, остава лош впечаток. Наместо тоа, се советува смирен, прибран и сосредоточен став.

Избегнувањето контакт со очите, од страна на личноста спроти Вас, може да се толкува како неискреност или несигурност. Совет: Не ги избегнувајте очите на потенцијалниот работодавец и покажете внимателност, присутност и самодоверба.

Постојаното гледање во часовникот говори дека лицето, кое го интервјуираат за работа, е нетрпеливо или недоволно заинтересирано, па чека времето да мине што побрзо. Избегнувајте да го проверувате рачниот, ѕидниот часовник или оној на мобилниот телефон. Почитувајте го времето на работодавецот и бидете присутни за време на разговорот.

И цврсто прекрстени нозе говорат за прекумерна напнатост. Совет: Се препорачува опуштена положба на телото, со стапалата на подот.

За крај: Иако гестикулацијата често ја подобрува комуникацијата, прекумерното движење со рацете честопати го одвлекува вниманието, изгледа нападно и го нарушува разговорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби