Реал се ослободува од Ван дер Варт

Раководството на Реал Мадрид веќе донело одлука да се раздели со холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт и тоа, најверојатно, ќе се случи по завршувањето на оваа сезона, тврди шпанскиот дневен спортски весник АС. Поранешниот фудбалер на Ајакс и Хамбургер дојде на Сантијаго Бернабе претходново лето, но не успеа да се наметне како лидер на тимот иако беше доведен како звучно засилување, единствено од таков ранг во летниот преоден рок.

Ван дер Варт играше како стартет само неколкупати на почетокот од шпанското првенство и постигна четири гола, еден против Нумансија во победа од 1:0 и хет-трик со Хихон кога "Кралскиот клуб" славеше со 7:1. Подоцна с$ почесто остануваше на клупата за резервни играчи, а и кај него се забележува апатијата и нерасположението кога ќе излезе на теренот.

Најголемата причина за разделбата на Реал и Ван дер Варт, како што вели АС, е новиот тренер на шпанскиот првак Хуанде Рамос, кој и порачал на управата на клубот дека не му е потребен фудбалер од таков калибар. Потврда за тоа беше и неговата последна одлука на дербито против Барселона, по повредата на Весли Снајдер во 35. минута да не го стави во игра Ван дер Варт, туку анонимниот Паланка, кој не е познат дури и за навивачите на Реал Мадрид. АС во продолжение додава дека се многу мали шансите Холанѓанецот да го разувери раководството во врска со оваа одлука, а останува неизвесно каде тој би ја продолжил кариерата идната сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Како Господ ги направил русокосите:
- Правел метла и се зафркнал!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал...
1822.- Република Бразил прогласи независност....
1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото...
1940.- Авионите на нацистичка Германија го...