Нови средби на старите познаници

Манчестер Јунајтед-Порто и Виљареал - Арсенал. Добро познати двојки од последните пет сезони. Првите во 2004 година се сретнаа во осминафиналето, а другите две сезони подоцна решаваа кој ќе и биде противник на Барселона во големото финале. Заедничко за двата дуела е што донесоа голема драматика во последните моменти кога се решаваше прашањето околу победникот.

Алекс Фергусон многу добро се сеќава на реванш-осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите пред пет години. Тогаш со неговиот Манчестер Јунајтед влегоа како големи фаворити во дуелите со анонимните фудбалери на Порто предводени од уште еден анонимус, Жозе Мурињо, кој по тој натпревар стекна со светска слава. Првиот меч на Драгао заврши со победа на португалскиот првак, но минимална со 2:1 и сите очекуваа лесна работа за "ѓаволите" пред своите навивачи. Сколс го отвори резултат по половина час игра, Јунајтед имаше контрола над играта, но Костиња во судиското продолжение погоди од слободен удар и го однесе Порто во следната фаза, подоцна и до втората шампионска титула во елитното натпреварување.

Сега ситуацијата е доста слична. Јунајтед повторно има доминантен состав, Порто е предводен од доста непознат тренер во светски рамки и нема голем број познати фудбалери, но е подготвен за изненадување, особено поради тоа што реваншот се игра на Драгао. За разлика од претходните натпревари во домашното првенство, Алекс Фергусон сега ќе ги има на располагање сите фудбалери вклучувајќи ги Сколс, Руни и Видиќ, кои беа суспендирани, а единствениот што ќе недостасува е Рио Фердинанд, кој е повреден. Во неделата против Астон Вила блескаше Кристијано Роналдо, кој постигна два од трите гола, а сега ќе има помош од Руни и Тевез во нападот. Кај Порто сите фудбалери се на располагање, а актуелниот португалски првак оди на Островот со одлична атмосфера откако во саботата повторно победи во домашното првенство и ја задржа предноста од четири бода во однос на Бенфика и Спортинг.

"Мора сите да знаат дека ние сме релативно млад тим без големо искуство на вакви натпревари. За нас ова е како финале, но се надеваме дека нема да паднеме на големиот притисок", изјави аргентинскиот напаѓач на Порто, Лисандро Лопез, кој постигна шест гола на последните осум натпревари на својот тим.

Навивачите на Виљареал многу добро се сеќаваат на оној дуел против Арсенал кога нивниот тим имаше голема шанса првпат во својата историја да обезбеди пласман во големото финале од Лигата на шампионите. "Топчиите" имаа предност од 1:0 од првиот натпревар на домашен терен, но Виљареал во реваншот беше незапирлив, во второто полувреме изврши канонада кон голот на Леман, но домашните напаѓачи не успеаја да ја затресат противничката мрежа. За исправање на неправдата, Виљареал доби пенал во последните моменти од мечот и со евентуален гол можеше да се избори барем за продолженија. Сепак, Леман го одбрани ударот на Рикелме и го уништи сонот на домашните навивачи, кои останаа разочарани од неискористената шанса.

Двата тима имаат проблеми со повредени фудбалери во последно време, но Арсенал може да се пофали со добра форма. Кај домашниот тим сигурно нема да настапи Санти Казорла, кој е еден од клучните фудбалери, додека освен Едуардо и Диаби, Арсен Венгер не може да смета на Ван Перси, кој не ни отпатува во Шпанија поради повредата заработена на квалификацискиот натпревар на холандската репрезентација против Шкотска пред десетина дена. Затоа, во екипата се враќа капитенот Цеск Фабрегас, кој, најверојатно ќе остане на клупата, а тука е и Волкот, кој во нападот ќе му прави друштво на Бентнер.

"Се надевам дека сега нема да биде толку драматично како минатиот пат. Имаме добра група млади фудбалери кои веруваат во успех и мислам дека заслужуваат да играат во завршницата од Лигата на шампионите. Треба да одиграме добро вечерва, а потоа на Емирати да обезбедиме пласман во полуфиналето", истакна Фабрегас.

Победниците од овие два натпревари ќе играат меѓу себе во полуфиналето, но кој ќе се пласира таму, ќе се знае идната среда.

ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

- Виљареал се уште нема пораз од шпанска екипа на домашен терен во европските купови. На досегашниот пет натпревари скорот е три победи и два нерешени резултати со само еден примен гол, и тоа од шпанскиот интернационалец Микел Артета во дресот на Евертон.

- Францускиот репрезентативец Робер Пирес првпат ќе се сретне со клубот каде ја доживеа својата европска афирмација. Во Арсенал тој настапуваше шест години и во тој период освои две титули во Премиер-лигата и два во ФА Купот при што во 2002 година беше избран за најдобар фудбалер во англиското првенство. Вториот фудбалер на Виљареал кој во минатото настапувал за Арсенал е Паскал Сиган.

- Андреј Аршавин беше најголемото зимско засилување за Арсенал, но нема право на настап вечерва поради тоа што во првиот дел од сезоната играше за Зенит во истото натпреварување.

- Судијата Том Хенинг Евребо досега двапати му судел на Арсенал во Лигата на шампионите и двапати против ПСВ. На двата дуели, "топчиите" имаат по еден пораз и реми, но немаат постигнат гол. Во исто време, на Виљареал му судеше еднаш, против Евертон во Ливерпул и "подморницата" тогаш славеше со 2:1.

- Манчестер Јунајтед нема пораз во Лигата на шампионите веќе 21 натпревар, а 19 по ред е несовладан на Олд Трафорд. Последниот кој го победил актуелниот европски првак во ЛШ е Милан во мај 2007 година. Порто, во исто време, никогаш не победил во Англија.

- За Јунајтед ова е 15. настап во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Досега десетпати поминал во полуфиналето и четирипати испаднал.

- Кристијано Роналдо има најмногу удари кон противнички гол од сите фудбалери во Лигата на шампионите (вкупно 34).

- Јунајтед и Порто се најнеефикасни од осумте четвртфиналисти во Лигата на шампионите со само 11 гола сезонава.

- Фудбалерите на англискиот тим досега добиле само осум жолти картони, најмалку од сите четвртфиналисти.

- Главниот судија Конрад Плауц досега по еднаш им судел на двете екипи и бил среќен за нив. На Јунајтед против Боависта на гости (0:3), а на Порто во Киев против Динамо (1:2).

ИЗЈАВИ

МАРКОС СЕНА (ВИЉАРЕАЛ): И покрај сите проблеми со кои се соочуваме, го чекаме натпреварот со голем оптимизам. Санти Казорла ни е повреден и ги очекуваме резултатите од него. Сепак, и покрај се сметам дека сме добар тим кој може да се сконцентрира и да одигра добри 180 минути.

ЕМАНУЕЛ АДЕБАЈОР (АРСЕНАЛ): Кога во 2006 година си заминував од Монако и доаѓав во Арсенал на моите пријатели им реков дека имам голема шанса да освојам нешто големо. Но, во последните три години одев на одмор во татковината без ниеден трофеј. Време е тоа да се смени, мислам дека имаме добра ждрепка и голема шанса да ја освоиме Лигата на шампионите.

АЛЕКС ФЕРГУСОН (МАНЧЕСТЕР Ј.): Ги гледав неколкупати последните недели и заклучив дека се доста добри, особено на домашен терен. Сепак, ние првиот натпревар го играме кај нас и многу работи ќе зависат од тој меч, веројатно доволно ќе ни биде победа од два гола разлика. Искрено, најзагрижен сум од фудбалерот на Порто, Хулк. Тој е левучар, доста брз и силен и мислам дека со Лисандро ќе ни создадат најмногу проблеми.

АРСЕН ВЕНГЕР (АРСЕНАЛ): Мора да се плашиме од Пирес и Сиган, тие сигурно ќе бидат дополнително мотивирани против нас и можат да ни создадат проблеми. Знам само дека двајцата, особено Пирес, ќе бидат дочекани како херои затоа што беа дел од нашиот тим во најдобрите години на Арсенал.

ЖЕЗУАЛДО ФЕРЕИРА (ПОРТО): Сите во клубот сакаат повторување на 2004 година иако јас не бев тогаш тренер на Порто. Слушам дека Јунајтед се плаши од нас и мило ми е што е така затоа што се работи за можеби најмоќниот клуб во светот со голем број скапи фудбалери. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра и да извадиме добар резултат пред реваншот на наш терен каде ќе се решава кој ќе оди во полуфиналето.

ЈУБИЛЕЈ

Арсенал денеска го игра својот 200. натпревар во Лигата на шампионите. Во последните десетина години или од доаѓањето на Арсен Венгер на клупата на лондонскиот тим "топчиите" се редовни учесници во елитното европско натпреварување, но засега без поголем резултат. Најголемиот успех го остварија пред три сезони кога обезбедија пласман во големото финале, но и покрај тоа што играа како на домашен терен во Париз (поради големиот број француски фудбалери и менаџерот), загубија од Барселона со 2:1.

КУРИОЗИТЕТ

Манчестер Јунајтед досега 19 пати се сретнал ски екипи и девет од нив се играле на Олд Трафорд. Никогаш досега не се случило да загуби, има скор од осум победи и едно реми, а единствениот нерешен резултат го оствари токму Порто во таа 2004 година кога го елиминира Јунајтед во осминафиналето, а потоа стигна до втората шампионска титула во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Мујо го прашува Хасо:
- Абе Хасо, вика жена ти кога имате секс?
- Вика, како не, кога го бришам од завеса.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...