
Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Матеја Кежман е добитник на овогодишната "Оловна топка" што еден сатиричен француски весник ја доделува на најлошиот фудбалер во првенството на оваа земја. Изборот се одржува од 2003 година, една недела по доделувањето на Златната топка, а Кежман е прв странец и четврти член на "светците" кој ја заслужил "Баллон де Пломб". Србинот, кој во меѓувреме земени на позајмица во Зенит, доби 7716 гласови и се најде пред Кадер Кеита, кој минатата сезона настапуваше во дресот на Лион.
Кежман е избран врз основа на три критериуми за оваа иронична награда: фудбалскиот придонес, ставот и изборот во кариерата. Во објаснувањето за добитникот, весникот потсети и на црвениот картон во дресот на Југославија, неговиот пат од херој во холандското првенство до играч со незавиден статус во Атлетико и Челзи, па се до фрлањето на дресот на ПСЖ и караницата со тренерот Пол ле Гвен. За време на престојот во ПСЖ, Кежман постигна само три првенствени гола од кои еден од пенал.
"Тој е како Жорж Веа, само целосно спротивен", иронично објасни весникот.
Минатата година "Оловната топка" ја освои Фредерик Пикион, кој од Монако замина во Лион, а сега игра како позајмен играч во Портсмаут.
ПЕТТЕМИНА НАЈЛОШИ ВО 2009
1. Матеја Кежман Србија ПСЖ 7716 бода
2. Кадер Кеита БСК Лион 6127
3. Никола Дијуз Франција Ле Авр 3478
4. Иван Класниќ Хрватска Нант 3281
5. Елио Гранден Франција Марсеј 3202