
Замислите како се чуствува фудбалската ѕвезда која годишно заработува по седум милиони фунти по сезона, идол е на многу милиони луѓе а во неговата Африка го дочека порака : "Ти си следниот".
Токму такви пораки стигнаа на адреса на неколку познати африкански фудбалери во Кабунди.
Во потписот е опасна терористичка организација ФЛЕЦ, фронт за одвојување на Кабунди од Ангола, која веќе уби три луѓе.
Меѓу оние кој е на нишанот на снајперот на ФЛЕЦ е и Дидие Дрогба најголемата ѕвезда на африканскиот фудбал и еден од најдобрите играчи на светскиот фудбал. Во саботата Дрогба бил многу очаен и вознемирен, особено кога се јавиле од Лондон и му порачаа да се врати веднаш во Англија, бидејќи постои голема можност токму тој да биде следната цел на сепаристичката ФЛЕЦ.
"Се јавија од Челзи и му кажаа дека токму тој е на пописот од оние кој ќе бидат на удар на терористите. Во саботата поради тие опасни закани беше многу вознемирен, со саати го убедував да остане и да се обидам да го охрабрам. Му кажав дека сум поминал и полош пекол, дека осигурувањето на денешниот натпревар во Кабунди ќе биде многу силно и денеска е веќе подобро.
Но беше многу потресен кога ги посетивме репрезентативците на Того во нивниот камп кој е веднаш до нашиот" изјави Халихоџиќ селектор на Брегот на Слоновата коска кој денеска го отвораат Африканскиот куп.
Репрезентативците на Брегот на Слоновата коска, Того, Буркина Фасо и Гана сместени се во 17 вили, кој се опкружени со војска каде ни мува не смее да прелета и да помине покрај војничкиот коридор.
Меѓутоа и тоа не е доволно да го разбијат стравот од евентуални терористички напади па така фудбалерите немирно спијат.
"Сите учесници во нашата група во Кабунди се во шок, владее нервоза и паника. Во саботата во овој град дојдоа дури шест министри од владата на Ангола, за да не убедат да не се откажеме од турнирот. Ги убедуваа фудбалерите дека нема да има повеќе проблеми, дека нема да има ни најмали опасности и дека се ќе биде во ред- но играчите не им веруваат."