Финалето во Мадрид вредело 336 милиони евра

Финансиската корпорација Мастер Кард објави дека финалето од Лигата на шампионите што годинава се одржа во Мадрид донело приход од 336 милиони евра од кои 115 милиони добил новиот европски првак Интер, а 67 милиони поразениот Баерн. Приходите за двата клуба се од телевизиски права, продажба на дресови и сувенири и се однесуваат само за тие три дена, односно подготовките и самиот финален натпревар. И градот-домаќин одлично профитирал од финалето затоа што во благајната на градските претприемачи, хотели, обложувалници и јавни установи за тие неколку дена се слеале околу 48 милиони евра. Вкупната сума од 336 милиони евра во која влегуваат и приходите на УЕФА се за дури 39 милиони повеќе од ланското финале.

Низ целиот свет фудбалерите на Интер и Баерн во директен пренос ги следеле околу 170 милиони гледачи, додека финалниот меч меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона лани го гледале 145 милиони. Стручњаците проценуваат дека за драстичното зголемување на гледаноста и за приходите најмногу е заслужна одлуката на УЕФА финалниот меч од Лигата на шампионите да се игра в сабота место в среда како што тоа беше случај до минатата година.

Интересно е тоа што водечките европски клубови, како оние од Англија, Шпанија, Германија и Италија во последните години многу повеќе профитираат од т.н. "Маркет Пул" отколку од класичниот фонд на УЕФА. Клупскиот удел во Маркер Пул не зависи исклучиво од резултатот туку најмногу од маркетиншкиот потенцијал на националниот пазар во матичната држава. Конкретно, тоа значи дека на Баерн Минхен во Лигата на шампионите многу повеќе пари му носи фактот дека германското стопанство е најсилно во Европа отколку тоа што игра во финалето. Хипотетички, ако во Мадрид се сретнеа клубови од Украина и Полска, нивните приходи ќе беа двојно помали.

Кога станува збор за УЕФА, оваа организација во сезоната 2009/10 на европските клубови им поделила околу 1,1 милијарди евра (сметајќи ги загарантираните награди за пласман и Маркет Пул), што без никаква конкуренција е најголем награден фонд во историјата на спортот. За пример, гол дел од регионалните банки минатата година пријавиле приходи колку половина од оваа сума.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Насуфи го унапредуваат во чувар на затвор.
- Г-не Насуфи, имате за задача меѓу затворениците да воспоставите ред и дисциплина!
- Нема проблем, кој нема да слуша, веднаш ќе го ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...