
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, според информациите на странските медиуми, сака да го ангажира напаѓачот на Арсенал, Робин Ван Перси.
Потенцијалната цена е околу 30 милиони евра и понуда најверојатно се подготвува.
Реал има проблем со повреди во напаѓачката линија на екипата, а самиот Мурињо во Холанѓанецот гледа идеална замена за Игуаин.
Ван Перси е инаку во одлична форма и тешко дека Арсен Венгер ќе прифати да го продаде, иако честите повреди се можеби причина Арсенал да размислува за евентуална понуда.