Шампионската титула ќе ја прославам во Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо за Marca изјави дека планира победничка парада низ Барселона откако ќе ја освои шампионската титула во мај.

Со предноста од 10 бодови пред Барселона тој е сигурен дека неговиот тим ќе стане шампион и уште од сега ја планира парадата со која ќе ја прослави титулата.

-Кога ме прашаа дали ќе има парада во Мадрид, заедно со фановите, јас само одговорив дека ќе има, но во Барселона. Едвај чекам, изјави Мурињо.

Тој исто така изјави за весникот дека ги добил сите потребни дозволи од градот за парадата. Таа ќе помине низ целиот град, а ќе заврши на стадионот Ноу Камп. А за крај Мурињо додаде и дека на сите играчи на Барселона ќе им бидат испратени покани да присуствуваат како „почесни гости“

-Меси може да дојде. Направивме дрес со името на Роналдо во бебешка големина специјално за него. Пике заедно со Шакира, а за Пеп Гвардиола подготвив специјална перика за да се чувствува „специјално“. Ќе биде прекрасно, за крај изјави Мурињо.

Дали се шегува или е сериозен, останува да го дочекаме мај и да видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Марзам кога ми го вадат јазикот - вели сладоледот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси,...
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев,...
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи,...