Пандев ги брои деновите во Наполи

Македонецот летово ќе бара нова отстапница од Интер, со кого има договор до 2015 година

Горан Пандев летово се враќа во Интер и нема да биде откупен неговиот договор со Наполи. Оваа информација ја објавуваат медиумите од Италија, кои коментираат дека "наполитанците" не можат да му го гарантираат првотимскиот статус на Пандев дури и по цена ако летово од клубот си заминал Лавеци и Кавани. Горан Пандев, според договорот, има обврски кон Интер до 2015 година. Тој летово ќе се врати во составот од Милано и од таму ќе чека понуда за нова отстапница или за откупување на договорот. Ако во Интер одлучат дека Пандев не им е потребен постојат шанси нашиот репрезентативец да замине во Фиорентина, а доколку плановите се тој да ја напушти Италија тогаш во преден план се Севиља од Шпанија, но и клуб од Турција, кој има сериозни намери да го добие потписот на фудбалерот од Македонија.

Горан Пандев во август беше отстапен од Интер на Наполи за кој до овој момент одигра 20 натпревари, а постигна 6 голови. Сепак, сите овие најави не се комплетно чисти со оглед на тоа дека во неделите кои следат ќе се решаваат многу судбини. Ако Наполи сака да го откупи Пандев од Интер ќе треба да плати сума од околу 8.000.000 евра за неговата слобода. Интер пред три години за безпари го доби нашиот фудбалер кој како слободен играч си замина од Лацио по судски спор поради мобинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1923.- Во селото Сингелиќ, скопско, е родена...
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер...
1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на...
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република...