Голманите на Барселона и на Челзи, Виктор Валдес и Петр Чех, би можеле да ги сменат клубовите на крајот од оваа сезона. Вчерашните вести говореа дека постои можност тие да се упатат во спротивни правци и во следната сезона да играат во различна лига.

За Петр Чех не треба премногу да се зборува. Се работи за еден од најдобрите голмани во моментов во светот. Во Челзи е веќе долго, па фактот што Мурињо сака да го замени не зачудува воопшто. Му треба „свежа крв“ на голот, а Валдес е голман кој во последните сезони се докажа дека може да брани за секој голем клуб. Со оглед на тоа дека сака да си замине од „Ноу Камп“ сосема јасно е дека нема да има проблеми да си замине. Покрај тоа голем плус е и фактот што во својот тим го посакува и Жозе Мурињо.

Во целата оваа приказна во втор план остана Тибо Куртоа, кој како позајмен од Челзи брани за екипта на Атлетико Мадрид. Тој сигурно би ги искомплицирал сите работи и може да не дојде до размената за која многу се зборува.