Чеде: Заминав од фамилијарни причини

„Верувајте дека сè се случуваше многу брзо и немав време да информирам никого. Морав веднаш да одлучам, а потоа, кога се потпиша договорот, му се јавив и на претседателот и на спортскиот директор“.

Како гром од ведро небо. Вака во петокот се прими веста дека Чедомир Јаневски е нов тренер на Монс. Не до толку што Јаневски тоа не го заслужува, затоа што веќе бил тренер на Бриж, туку повеќе поради фактот што ја извршуваше должноста селектор на Македонија. Впрочем, ФФМ му понуди дури и нов договор, но по кратки преговори со Монс, Јаневски реши да ја прифати понудата и одново да биде тренер во Белгија.

На многу напади наиде Јаневски по прифаќањето на понудата од Монс и заминувањето од селекторското место, а самиот тој во изјава за „Македонски спорт“ ги образложува причините за заминувањето и за неинфомирањето на ФФМ.

ТЕШКО СЕ РАЗДЕЛУВАМ ОД СЕЛЕКТОРСКОТО МЕСТО

Јаневски ја прифати понудата на Монс, а потоа ги информираше службите на ФФМ. Иако сè беше готово во 14 часот, сепак, Јаневски вели дека договорот бил потпишан многу подоцна од она што било најавено. И покрај тоа што таму ќе зема трипати повисока плата отколку на селекторската функција, сега веќе поранешниот селектор образложува дека финансиите не се причината за неговото заминување.

„Верувајте дека ме облеаја емоции откако решив да ја прифатам понудата на Монс, што значеше дека си заминувам од селекторската клупа на Македонија. Причините се чисто фамилијарни, и нема никакви други. Тоа е причината“, изјави Јаневски и додава:

„Си заминувам со крената глава. Многу ми беше тешко, верувајте, да ја донесам конечната одлука. Но мислам дека со прифаќањето на понудата од Монс ќе бидам поблиску до фамилијата, нешто што го сакам. Тука живеам подолго време, тренерското место се отвори, ми понудија и сè се одвиваше многу брзо. За само еден ден успеавме да се договориме, и дури кога потпишавме јас ги информирав луѓето од ФФМ за мојата одлука, и покрај тоа што од федерацијата имав понуда за продолжување на договорот, на која морав да одговорам во наредните неколку дена“, дополни Јаневски.

СЕКОГАШ ЌЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Јаневски ѝ посака многу среќа на селекцијата во иднина...

„Бев дел од селекцијата во која сметам дека има квалитет. Се дадов целосно и професионално. Резултати и имаше, и немаше. Ѝ посакувам сè најдобро на селекцијата, исто така и на играчите. Секако дека секогаш ќе ги следам настапите на Македонија. Тоа е мојата репрезентација и ќе ме интересираат. Имав добра соработка со сите во ФФМ. Имаше супер атмосфера и мислам дека чекоревме по вистинскиот пат. Се надевам дека Македонија еден ден ќе има можност да заигра на едно големо натпреварување. Тоа го посакувам со целото мое срце. А јас од тука ќе ги следам настапите, некогаш ќе дојдам и во живо да ја гледам репрезентацијата и ќе навивам за пласман на Светско или Европско првенство“, вели Јаневски.

ЌЕ ГО ИСПОЧИТУВАМ ДОГОВОРОТ СО ФФМ

Во договорот со ФФМ со Чедомир Јаневски има клаузула во која стои дека при предвремен раскин на договорот ќе треба да се плати отштета. Односно, ако Јаневски си замине од клупата ќе треба тој да плати, а ако биде избркан од селекцијата, тогаш отштетат ја исплаќа ФФМ.

„Имав супер соработка со сите во ФФМ, и така и ќе остане до крај. Јас ќе го испочитувам договорот. Ќе ја платам отштетата која стои во клаузулата. Уште еднаш би сакал да го истакнам моето задоволство и чест што бев селектор на Македонија, и уште еднаш користам можност да ѝ посакам сè најдобро на репрезентацијата во иднина, како и на сите играчи кои играат во неа. Секогаш ми е мило кога ќе слушнам како некој македонски играч успева во кариерата“, дополни сега веќе поранешниот селектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Како Господ ги направил русокосите:
- Правел метла и се зафркнал!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал...
1822.- Република Бразил прогласи независност....
1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото...
1940.- Авионите на нацистичка Германија го...