Претседателот на шпанскиот шампион Барселона Жозеп Бартомеу потврди дека тренерот Луис Енрике нема да го напушти „Камп Ноу’’ по завршувањето на сезоната.
Барселона во неделата со победата над Атлетико Мадрид го потврди првото место на коло до крајот на шпанската Примера, и ја обезбеди шампионската титула.

Пред одигрувањето на овој натпревар медиумите во Шпанија, лиферуваа информација дека Енрике летово ќе го напушти каталонскиот клуб, на што со своја изјава се огласи претседателот на клубот Бартомеу.
- Енрике има договор. Крај на расправата. Ние сме во моментов фокусирани на натпреварите кои ни претстојат, а не за иднината на Енрике, за што воопшто не помислуваме, а како ли да разговараме, изјаво Бартомеу за весникот „Марка’’.
Луис Енрике дојде на кормилото на Барселона на местото на Херардо Мартин во 2013 година.
Барселона покрај трофејот во првенството на Шпанија, има можност за уште два пехари сезонава и тоа, веќе на 30 мај во финалето на „Кралскиот куп’’ каде за противник ќе го има составот на Атлетик Билбао, а само шест дена подоцна (6 јуни) во Варшава ја очекува и финалето во Лигата на шампиони против италијанскиот првак Јувентус.