Лука Дончиќ продолжува да пишува историја во Шпанија

Младата ѕвезда на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Лука Дончиќ покажа зошто многумина сметаат дека ќе биде избран за најдобар на Драфтот во НБА во текот на летото.

Деветнаесет годишниот бек синоќа стана првиот по 11 години, кој прави „трипл-дабл“ во првенството, кое се смета за најсилно во Европа.



Дончиќ заврши со 17 поени, 10 скока и 10 асистенции при вкупен коефициент на корисност од 42, а Реал очекувано победи против последниот на табелата Бетис со 104:89.

Претходниот играч со „трипл-дабл“ во локалната лига беше Фран Васкез, кој го направи тоа во февруари 2007, а најинтересното кај него е дека еден од индикаторите беа блоковите - 12. Всушност Дончиќ е едвај шести во историјата на Лига Ендеса, која забележува слични статистички податоци.

- Верував дека можам да направам такво нешто и сум благодарен на соиграчите, бидејќи без нив немаше да успеам. Среќен сум, но знам дека сега треба да ја завршиме сезоната соодветно, изјави Дончиќ, чиј тим го подобри балансот до 29-3, откако е цврсто на врвот во регуларната сезона и веќе се подготвува за плејофот.

Многу е веројатно тој да биде најдобриот на Драфтот во НБА, откако поседува неверојатен талент и може да игра на неколку различни позиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...