Жоао Мендеш де Асис Мореира, синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, потпиша едногодишен договор со Хал Сити, соопшти денеска клубот од англиската Чемпионшип лига.
Дваесетгодишниот Бразилец мина низ младинскиот погон на Барселона пред да се приклучи на Барнли во 2024 година.
„Мислам дека е добро да можеш да играш различни стилови на фудбал. Во Бразил е еден стил, во Шпанија е друг, а во Англија е уште поразличен“, па затоа ја надополнува твојата игра ако си играл на различни места“, порача Мендеш во изјава за клупскиот сајт на англискиот второлигаш.
Поранешниот играч на Барселона, Роналдињо, кој го освои Светското првенство со Бразил во 2002 година и Златната топка во 2005 година, објави фотографија од Мендеш на Инстаграм на која неговиот син позира со дресот на Хал Сити, со порака: „Среќно во твојот нов клуб и предизвик, сине мој“.