Дамјан Стојановски останува во МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе настапува за МЗТ Скопје, со оглед на двегодишниот договор кој лани го потпиша со тимот од Аеродром, соопштија од клубот.



Бек шутерот е дел од екипата од 2012 година, освојувајќи пет шампионски титули и шест пехари во Купот на Македонија, откако не беше дел од клубот само во сезоната 2016/17, која ја пропушти во целост поради тешката повреда претрпена во дресот на македонската репрезентација.

Стојановски беше прогласен за најкорисен играч на финалето од плејофот минатата сезона.

Капитенот на МЗТ минатата сезона во АБА2-лигата на 27 средби имаше просек од 8,9 поени и 3,4 скока како втор најдобар тројкаш (45/117) и најдобар изведувач на слободни фрлања (36/41) додека во домашното првенство на 34 натпревари просечно реализираше по 12,5 поени и 5,4 скока со најмногу постигнати тројки (64) и како втор најдобар во тимот според бројот на украдени топки (1,5 по меч).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...