ТФТ на домашен терен ги стартува квалификациите за ФИБА Лига на шампиони



Скопје, 21 септември 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ од денеска е домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во ФИБА Лигата на шампиони.

По ланскиот настап во квалификациите за ФИБА Еврокупот, „црно-белите“ ќе се обидат на домашен терен да стигнат до најголемиот европски успех во кратката историја на постоењето и да обезбедат место во групната фаза на најквалитетното натпреварување кое го организира Светската кошаркарска организација.

Од денеска до недела, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ шест екипи ќе се борат за едно од четирите места кои водат во регуларниот дел на ФИБА Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.

Противник на македонскиот освојувач на националниот куп вечерва со почеток од 21 часот е Кемницер Најнерс од Германија.

Паралелно со турнирот во Скопје во истиот термин на програмата се и квалификации во Белград, Малага и Лисабон.

Согласно со системот за натпреварување, победниците на четирите турнири ќе обезбедат пласман во една од шесте групи од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...