Мекиќ го напушти МЗТ Скопје, Американецот Кук негова замена

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром го донесе во своите редови Американецот Кеандре Кук на местото на репрезентативецот Адем Мекиќ, кој доби дозвола да го напушти клубот поради трансфер во странство.



– Адем Мекиќ од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако му беше одобрено барањето за раскин на договорот поради желба првпат во кариерата да се проба во клуб надвор од Македонија. Станува збор за кошаркар „израснат“ во нашиот клуб, со кој дојде до пет шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија, поради што му излеговме во пресрет и му посакавме среќа во обидот да ја почне интернационалната кариера, соопшти клубот од Аеродром.

Неговото место во ростерот ќе го пополни 25-годишниот Кук, кој потпиша договор со МЗТ Скопје до крајот на сезоната, а во редовите на македонскиот шампион доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус.

Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гостувањето во Белград против Партизан, во рамки на 15 коло во АБА лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Тато, да не спиеш?
- Не! Кажи што сакаш.
- Дај ми 200 денари за во град,
- Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!

* * *
Се јавува плавуша во Авиоимпекс:
- Се извинувам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на театрите
- Ден на здравственото воспитание на Македонија
1625.- Умре британскиот крал од шкотско потекло...
1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на...