До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

Навивачите на Панатинаикос, кои не отпатуваа на „Фајнал фор“ на кошаркарската Евролига во Берлин и финалето со Реал Мадрид го следеа во Атина, веднаш по освојувањето на седмата европска титула славеа во центарот на грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.



Сите патишта доцна синоќа водеа кон плоштадот „Омонија“, каде што илјадници поддржувачи на атинскиот тим славеа до раните утрински часови.

Делови на Атина беа речиси блокирани од автомобили што со развиорени знамиња и свирења се упатуваа кон центарот на градот, а навивачите првично се собраа пред стадионот на Панатинаикос.

Кошаркарите на Панатинаикос околу 14 часот се очекува од Берлин да пристигнат во Атина, а според најавите од аеродромот ќе заминат за Олимпискиот стадион каде што ќе бидат пречекани од навивачите.

Во вчерашното финале на Евролигата, Панатинаикос со 95:80 го совлада Реал Мадрид и ја освои седмата титула во историјата, прва по 2011 година.

Преку социјалните мрежи, грчкиот премиер, лидерите на партиите, министри од Владата, ја честитаа победата и шампионската титула на Панатинаикос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Тројца војници ги заробила непријателска сила и ги спремала за погубување. Пред да ги погубат, на секој од нив му дале како последна желба да си го избере последниот...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по...
1752.- Умре Александар Скарлати, италијански...
1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го...