Главчев: Оптимист сум дека ќе ги надминеме проблемите, сигурно од ова нема да биде полошо

Претседателот на Македонската кошаркарска репрезентација, Томица Главчев ги искажа своите размислувања, визии поврзани сениорскиот тим и со актуелниот момент во федерацијата.



- Нашата репрезентација во моментов е 30. на ранг листата на ФИБА Европа. Периодот кога бевме околу десеттото место е далечен и можеме да забележиме дека од година во година котираме се полошо. Сакам да бидам реален оптимист дека овие проблеми ќе ги надминеме брзо. Очекувањата треба да бидат реални и да се соочиме со моментот кој го живееме. Се надевам дека тоа со Илиевски и со поддршка од медиумите ќе го надминеме лошиот период. Ќе ни треба малку повеќе време за сите планови да го имплементираме, рече Главчев на денешната прес-конференција на која беше промовиран Марјан Илиевски во нов селектор.

Тој е задоволен што Илиевски со кого претходно со голем успех соработуваше во Блокотехна, прифати да биде селектор како наследник на Александар Јончевски.

- Не би сакал многу да зборувам за Илиевски, тој е познато име во македонската кошарка со забележителни резултати. Горди сме што прифати да влеземе во еден проект, наречен решавање на проблемите во македонската кошарка.

Во исто време, Главчев се осврна и на ситуацијата која ја затекна во федерацијата при преземањето на функцијата.

- Во оваа прилика сакам да кажам уште нешто што е многу важно за кошаркарските репрезентацијата. Кога дојдовме во Федерацијата, затекнавме ситуација во која беа истечени договорите на девет селектори на младински репрезентации и пред истек на договорот на селекторот на националниот тим. Тоа е несериозно однесување бидејќи ние буквално зависиме од младите кошаркари. Ние буквално молиме кој да игра за репрезентацијата, а не обрнуваме внимание на младите играчи. Апелирам, на сите треба врвен приоритет да им биде А-репрезентацијата. Сериозна обврска е исправена пред нас, бараме поддршка од сите, ќе бидеме транспаренти, ама сигурен сум дека нема да биде полошо од ова, додаде претседателот Главчев на средбата со медиумите.

Главчев на претседателското место во кошаркарската федерација дојде пред само 45 дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1936.- Во местото Горки, кај Москва, умре Алексеј...
1940.- Францускиот генерал Шарл де Гол ги повика...
1953.- Египет е прогласен за република по...
1965.- Во Алжир е извршен државен воен преврат....