Половина милион Македонци го гледале "бронзениот" меч!

Над 480 илјади македонски граѓани го проследиле на телевизија натпреварот на нашата репрезентација против Русија за третото место на Европското првенство во Литванија, открија податоците објавени на официјалната интернет-страница на шампионатот. Нешто помала била бројката на оние го гледале дуелот со домаќинот Литванија во четвртфиналето, четири дена претходно. Статистиката покажала дека секој втор Македонец кој во тој момент се нашол пред својот телевизиски приемник го гледал натпреварот. Се разбира, овие бројки не се целосно точни бидејќи четвртфиналето против Литванија, како и мечот на македонската репрезентација со Русија за третото место се следеа групно, на плоштадите во речиси сите градови низ земјата и во кафе-баровите и кафеаните низ Македонија. Голем интерес разбуди и мечот со Шпанија, но само поради фактот што тој се играше во работен ден (петок), и тоа непосредно по завршувањето на работното време, од 16:30, не постигна толкава гледаност. Во секој случај, натпреварот со Русија е најгледаниот настан во земјата за 2011 година.

А, нашата репрезентација не се гледаше само во Македонија. Податоците покажале дека голем интерес за натпреварите на "црвено-жолтите" во Литванија имало и во другите земји од Европа. Така, полуфиналниот меч на Македонија против Шпанија во оваа пиринејска држава го гледале 2,19 милиони жители, што е за 270 илјади повеќе од натпреварот на Шпанците со Турција во првата фаза од првенството. Четвртфиналето, пак, против Литванија го следеле 842 илјади Литванци, што е најгледан настан во оваа земја во последните седум години и трет најгледан од 2000 година кога е востановено истражувањето за телевизиската гледаност. Погледани натпревари на литванската репрезентација во земјата досега биле само финалето на Европското првенство во 2003 година против Шпанија и полуфиналето од Олимписките игри во Атина една година подоцна против САД.

Се разбира Европското првенство се гледаше и заради другите репрезентации што учествуваа, а особено финалистите. Во Франција, финалниот меч со Шпанија го проследиле вкупно 2,9 милиони жители на двата канала: Франција 4 и Канал Плус Спорт. Тоа е најголема гледаност на еден кошаркарски натпревар во земјата по финалето од Купот на европските шампиони во 1993 година меѓу Лимож и Бенетон. Натпреварите, пак, на "Црвената фурија" ги гледале просечно по 1,1 милион жители, но на финалето со Франција од почеток до крај го изгледале 4,73 милиони Шпанци. Во неделата околу 21:23 часот, значи непосредно пред крајот на финалето, пред телевизорите биле 5,96 милиони жители на Шпанија, што е апсолутен рекорд за еден кошаркарски натпревар во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...