Мекејлеб и Антиќ во Топ-10 на Евробаскетот

Иако заврши пред пет дена, Европското првенство во Литванија се уште е во центарот на вниманието на кошаркарската јавност. Се уште се прават анализи, се бараат и бираат најдобрите, поразените се во потрага по причините за неуспехот, а победниците уживаат во моментите на слава. Се разбира, оние што се специјализирани за кошарка и натаму ги прават идеалните тимови и се полни со пофалби за нивните игри.

На пример, интернет-страницата на најсилната европска кошаркарска лига, шпанската АЦБ, направи селекција од десет кошаркари кои го одбележаа Европското првенство. Освен оние петмина кои беа прогласени во идеалната постава на Евробаскетот, тука има уште петмина (како нивни резерви), а она што е за нас најинтересно е фактот што меѓу нив има дури двајца македонски репрезентативци. Не е тешко да се погоди, станува збор за Бо Мекејлеб и Перо Антиќ, кои се најдоа во друштво на светските кошаркарски ѕвезди од кои дел настапувале или се уште се дел од НБА екипите. Интересно е тоа што меѓу овие десетмина кошаркари повеќе има од Македонија отколку од Русија која на крајот го освои третото место, пред нас.

1. ХУАН КАРЛОС НАВАРО (ШПАНИЈА)

МВП на првенството, 18,7 поени, 3 асистенции, 27,1 минути по натпревар, 44,7% за три поени

Едноставно извонреден во полуфиналето и финалето, со 62 поени на двата натпревари убедливо најзаслужен што Шпанија ја одбрани круната од пред две години во Полска. Главната причина поради која ја доби МВП наградата на првенството е тоа што во завршната фаза имаше просек од 29,3 поени по натпревар (во првиот и вториот круг просекот му беше 15) и шут од 50% за три и 62,1% за два поени. Наваро буквално си поигруваше со одбраните на Македонија и Франција и впечаток е дека на тие два натпревари може да прави буквално што сака.

2. БО МЕКЕЈЛЕБ (МАКЕДОНИЈА)

Дел од идеалната петорка, 21,4 поени, 3,7 асистенции, 3,1 скока, 2,1 украдени топки, 34,2 минути по натпревар, 52,4% шут за два поени

Врвна игра од натурализираниот Македонец. Буквално никој не може да се одбрани кога тргнува на пенетрација кон кошот. Многумина сметаа дека тој заслужува да биде МВП имајќи го предвид фактот дека Наваро има одлична група кошаркари околу себе, а Мекејлеб речиси сам ја водеше Македонија кон одличниот пласман. Сите знаеја дека тој ќе решава во клучните моменти, играа одбрана на него и пак не можеа да го запрат.

Цела Европа се восхитува и на тоа што иако е класичен плејмејкер, Мекејлеб одлично се надополнуваше со Владо Илиевски, играч кој е на истата позиција како него. Но, малиот Бо целосно се посвети на задачите на теренот, играше подеднакво добро во одбрана и во напад и потврди дека се работи за можеби најдобриот плејмејкер во Европа.

3. ПАУЛ ГАСОЛ (ШПАНИЈА)

Дел од идеалната петорка, 20,1 поени, 8,3 скока, 1,7 асистенции, 1,1 украдени топки, 1,7 блокади, 26,2 минути по натпревар, 52,9% шут за два поени

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс повторно беше од суштински значење за својот тим. Но, "зависност од Гасол" имаше само во првата рунда од првенството (поразот од Турција), потоа се појави неговиот брат Марк и еден од најдобрите пријатели Хуан Карлос Наваро. Во финалната фаза од шампионатот тој беше нешто под своето ниво, со 19,3 поени по натпревар, но повторно беше лидер по бројот на скоковите (14,3) и беше најдобар кога најмногу требаше.

За разлика од другите големи натпреварувања, Шпанија сега имаше 12 подеднакво квалитетни кошаркари, па и затоа Пау Гасол не мораше толку многу да се мачи и да поминува големо време на теренот. Во комбинација со брат му направи сите противнички играчи да играат смешни.

4. ТОНИ ПАРКЕР (ФРАНЦИЈА)

Дел од идеалната петорка, 22,1 поени, 4,4 асистенции, 3,5 скока, 1,6 украдени топки, 35 минути по натпревар, 48,2% шут за два поени

Покрај вклучувањето на Ноа, една од најважните причините за големиот успех на француската репрезентација на Евробаскетот е зрелоста на Тони Паркер како лидер на оваа генерација. Секогаш максимално подготвен и секогаш со мислата да се победи. Првенството го заврши со најдобар просек на постигнати поени, но во бројките не може да се види колку тој значеше за своите соиграчи од психолошки аспект.

Се разбира, Франција на ова првенство го имаше можеби најталентираниот и најквалитетен состав во својата историја, но никако не смее да се занемари придонесот на кошаркарот на Сан Антонио Спарс без кого "триколорите" можеби немаше да стигнат ниту до четвртфиналето.

5. АНДРЕЈ КИРИЛЕНКО (РУСИЈА)

Дел од идеалната петорка, 14,9 поени, 6,1 скока, 2,3 асистенции, 2,6 украдени топки, 51,8% шут за два поени

За разлика од другите кошаркари во ова друштво, Андреј Кириленко ја имаше таа среќа играта на целата репрезентација да се врти околу него, а не тој да се вклопува во неа. Селекторот Дејвид Блад сметаше дека тој повеќе ќе помогне ако нема специјални задачи и обврски, туку ако биде слободен да го искористи максимално својот талент.

Затоа, Кириленко можеби го немаше оној ефект како на претходните големи натпреварувања за руската репрезентација, но во исто време ја одведе "Зборнаја" до уште еден медал. А, мора да се истакне дека го имаше на сите делови од теренот, да скокне кога треба, да асистира кога треба, да погоди кога треба и да ја одбрани својата репрезентација.

6. НИКОЛА БАТУМ (ФРАНЦИЈА)

13,8 поени, 3,2 скока, 1,4 асистенции, 2 украдени топки, 31,5 минути по натпревар, 40,5% за три поени

Неоптоварен од тоа биде главна ѕвезда во француската репрезентација (место кое е резервирано за Паркер), Батум прикажа извонредно високо ниво на игра на првенството. Тој има се што му е потребно на еден врвен играч да стане ѕвезда: долг и брз чекор, висок скок, прецизен шут и атрактивност во играта.

Но, она што го прикажа како новина во неговата игра во Литванија беше извонредната одбрана, просекот од две украдени топки по натпревар. Едноставно, одлично ја покри позицијата "три" и покажа дека Франција не треба да се грижи за својата иднина затоа што го има Никола Батум.

7. ПЕРО АНТИЌ (МАКЕДОНИЈА)

11,6 поени, 8,5 скока, 1,9 асистенции, 1 украдена топка, 34,8 минути по натпревар

Перо Антиќ е една од причините за се уште необјаснивото освоено четврто место на македонската репрезентација во Литванија. Иако сонот не се оствари комплетно затоа што Македонија не освои медал, Антиќ беше столбот на кој се потпираше целата екипа. Неговите бројки страдаа затоа што Македонија немаше доволно голем фонд на играчи, па оние главните беа максимално исцедени, а тука мора да се земе предвид и повредата на Тодор Гечевски, чие отсуство мораше да го покрие токму капитенот.

Она што беше од суштинско значење за Македонија од страна на Антиќ е дефанзивниот скок и фактот што може да игра на која било позиција и да нападне од кое било место на теренот. Можеби шутот за три поени беше мал проблем за него, но сето тоа тој го надополни со фантастична борбеност што ја симболизира и неговата душа и душата на сите жители на оваа балканска држава.

8. МАРК ГАСОЛ (ШПАНИЈА)

13,3 поени, 7,3 скока, 2 асистенции, 27,6 минути по натпревар, 51,3% шут за два поени

Марк Гасол е осуден да живее во сенката на неговиот поуспешен брат, но на ова првенство како да почна да ја презема лидерската улога во шпанската репрезентација. Уште еднаш потврди дека не е класичен центар, дека има многу големи квалитети што се добредојдени за "црвената фурија" и дека може многу повеќе од конзервативните очекувања на навивачите и стручњаците.

9. ЈОАНИС БУРУСИС (ГРЦИЈА)

11,6 поени, 5,6 скока, 1,4 асистенции, 21,8 минути по натпревар, 52,4% шут за два поени

Вистински лидер на ослабената грчка репрезентација чија основна цел беше да се остане "жив" за пласман на Олимписките игри во Лондон. Јасно беше дека Грција нема шанси да влезе во борбата за медалите, но Бурусис ја одведе до шестата позиција, што е одличен пласман ако се знае дека селекторот Илиас Зурос не можеше да смета на дури шестмина стандардни репрезентативци.

Бурусис беше најдобар кога најмногу требаше, во најважниот натпревар, оној против Србија во борбата од петтото до осмото место кој одлучуваше која селекција ќе оди во квалификациите за Олимписките игри. Мора да се признае и дека имаше солидна замена во Костас Куфос, но Бурусис својата работа на првенството ја заврши најдобро што може.

10. МАНТАС КАЛНИЕТИС (ЛИТВАНИЈА)

11 поени, 3,5 скока, 3,8 асистенции, 23,5 минути по натпревар, 51,6% шут за два поени

Единствениот натпревар на кој потфрли беше оној против Македонија во четвртфиналето. Другите средби Калниетис ги одигра на извонредно високо ниво и покажа дека по Шарунас Јасикевичиус, литванската репрезентација не треба да се грижи за својата иднина бидејќи има одлична замена. Постигна и клучна тројка во дуелот со Словенија во борбата од петтото до осмото место, па Литванија поради тоа ќе игра во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...