Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, изјави дека крилниот напаѓач Савињо е подготвен да потпише нов договор со клубот.

- Бевме толку сигурни дека мора да го задржиме... Можеби понудата не беше доволно добра за клубот. Но, на негови години, тој играше многу минатата сезона, може да игра на двете страни од теренот и има неверојатна брзина. Тој е многу добар, изјави Гвардиола за англиските медиуми.
Преговорите со 21-годишниот бразилски интернационалец се во напредна, последна фаза. Се очекува тој да остане во клубот на долг рок, и покрај интересот од Тотенхем.
Оваа сезона, Савињо одигра пет натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.