Португалскиот тренер Жозе Мурињо би можел да стане нов тренер на Бенфика, објави „Record“.
Шеесет и двегодишниот Португалец се разгледува како замена за Бруно Лаге, кој беше отпуштен по синоќашниот пораз од Карабах со 2:3 во првото коло од Лигата на шампионите.
Мурињо беше отпуштен од Фенербахче на почетокот на септември по елиминацијата токму од Бенфика со во квалификациската рунда за Лигата на шампионите.
Како потенцијални тренери на тимот од Лисабон се споменуваат и Јирген Клоп и Рубен Аморим.