Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ги спореди тимовите на ривалите од Серија А, Интер и Наполи.

- Игравме против Интер, еден од најсилните тимови во Серија А, според мене, тие се исто така пред Наполи. Победивме и покрај тоа што не сме на највисоко ниво и имаме некои проблеми. И мене ми се допаѓа да победувам на овој начин, рече хрватскиот тренер на прес-конференција.
По првите три кола од Серија А во сезоната 2025/26, Наполи е на првото место на табелата со девет бода, додека Јувентус исто така има девет бода и е на второто место. Интер има три бода во три натпревари и е на 12-то место.
Во третото коло изминатиот викенд, Јувентус го победи Интер со резултат од 4:3.