УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел

Членовите на Извршниот комитет на УЕФА треба да се состанат на вонредна седница следната недела за да одлучат за понатамошното учество на израелските национални селекции и тимови во натпреварувањата под покровителство на Европската куќа на фудбалот, при што мнозинството членови се наклонети кон суспензија, објавија неколку европски новински агенции, повикувајќи се на лондонскиот весник „Тајмс“.



„Мнозинството членови на Извршниот комитет ја поддржуваат суспензијата на Израел откако осум експерти на ОН, вклучувајќи го и известувачот за Палестина, Франческа Албанезе, во вторникот ги повикаа ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел „како одговор на геноцидот што продолжува на окупираната палестинска територија“, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Макаби во средата играше на гости против ПАОК и ремизираше 0-0 во рамки на воведното коло во Лига Европа. Гостувањето на израелскиот тим во Солун беше проследено со протести.

Израелскиот тим во второто коло, на 2 октомври, треба да му биде домаќин на загрепски Динамо, на неутрален терен во Србија, во Бачка Топола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Каков тампон користи слоница? Овца!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, кој во...
1783.- Роден е шпанскиот генерал и мексикански...
1825.- Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон...
1862.- Роден е јужноафриканскиот генерал и...