Медиуми: Реал ќе ја бојкотира церемонијата на доделување на „Златната топка“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид донесе одлука да ја бојкотира вечерашната церемонија во Париз за доделување на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер играч во изминатата сезона, објави денеска „Атлетик“.



Според истиот извор, одлуката ја донел претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез, а се поврзува со фактот дека напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор не ја доби наградата во 2024 година. Винисиус на ланската церемонија заврши втор во гласањето за престижната награда зад средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родри.

Вкупно седум претставници на Реал Мадрид беа меѓу номинираните за наградата за најдобар играч за 2024 година, а тогашниот стратег на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, беше прогласен за најдобар тренер.

Церемонијата на доделување на наградата „Златна топка“ за 2025 ќе се одржи вечерва во Париз со почеток во 20 часот, а меѓу номинираните се тројца фудбалери од редовите на Реал: Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Винисиус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...