Овче Поле го откажа настапот во Првата македонска кошаркарска лига

На ден пред почетокот на јубилејниот дваесетти кошаркарски шампионат во самостојна Македонија, екипата на Овче Поле од Свети Николе се откажа од настап и екипите што по распоредот требаше да играат со него ќе бидат слободни.

По откажувањето на светиниколци, Капитал Банка Прва Лига во сезоната 2011/12 ќе брои девет клубови.

Новото првенството ќе почне со натпреварот Работнички - Вардар утревечер (18 часот) во „Градски парк“ во Скопје. Половина час подоцна во Струмица ќе играат АБА Струмица и Торус, а од 19 часот во Кавадарци ќе играат Фени Индустри и Кожув.

Утре со натпреварот од 17 часот во „Јане Сандански“ меѓу домашниот МЗТ Скопје и Лирија ќе биде комплетирано 1.коло во кое слободно е Куманово.

Денеска во 17 часот истекува рокот за подмирување на долговите и котизацијата на клубовите кон Здружението на прволигашите. Доколку некој од клубовите должници не ги подмири долговите до истекот на рокот, според договорот на Втората седница на Здружението, тој ќе биде суспендиран се додека не ги регулира сметките.

Во досегашните 19 првенства најуспешен тим е Работнички со 14 освоени титули, пред бранителот на шампионскиот трофеј од последните две сезони Фени Индустри кој има три титули, а по еднаш шампиони биле Струмица и Николферт од Гостивар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1542.- Папата Павле Втори донесе одлука за...
1798.- По победата на битката кај пирамидите,...
1898.- Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден...
1940.- Во Литва, Летонија и Естонија е...