Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници вчеравечер на натпреварот со Романија.

- Овој млад тим покажа карактер, по три дена имавме некаков менталитет и карактер кој мора да ни оди нагоре. Затоа мора да сум задоволен од прикажаното и изданието кое го имавме. Романија го имаше резултатот, но ние не се предадовме до крај. Затоа уште еднаш потенцирам дека сум задоволен од карактерот на играчите и во иднина се надевам дека овие искуства ќе ни бидат доволни да „набилдаме“ тимски дух и искуство во овој млад тим, изјави Илиевски.
Македонските кошаркари ги загубија трите натпревари (два од Романија и еден од Унгарија) и останаа без шанси да ги минат претквалификациите за Светското првенство 2027.
Последниот меч од овој циклус е закажан за 20 август во Скопје против Унгарија.