Кошаркарот на Јута, Кајл Филиповски, е прогласен за најкорисен играч на Летната лига на НБА 2025.

Дваесет и едногодишниот Американец играше на три натпревари на турнирот ова лето, со просек од 29,3 поени, 7,7 скока и 2,3 асистенции.
Филиповски беше избран на 32-то место од страна на „Џез“ на НБА драфтот во 2024 година.
Летната НБА сезонава ја освои Шарлот хорнетс, а Јута забележа само една победа на шест одиграни натпревари.