Кошаркарот на Црвена Звезда и поранешен репрезентативец на Србија, Милош Теодосиќ, денес објави дека ја завршува својата играчка кариера.

Теодосиќ (38) играше за Црвена Звезда од 2023 година.
- Пред се, ви благодарам за 30 години заедничка борба, уживање, радост и тага. Дојде моментот да се збогувам со една фаза од мојата љубов кон магичната игра на обрачите. Зад мене, зад нас, има многу желба, борба, одрекување. Освоени трофеи, но и изгубени финалиња. Сè е кошарка и сè е живот. Не би променил ништо од тоа, би направил сè - повторно исто, сподели Теодосиќ во изјавата.