Самарџиев: Секој од нас мора да даде максимум

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години Горан Самарџиев го сумира сработеното во изминатиот период од подготовките за настап на претстојното Европско првенство – Дивизија Б.



- Задоволен сум од досегашното залагање на момците, бидејќи, и тоа како, се борат за место во тимот. Засега имаме навистина добра атмосфера, и секој ден гледаме да напредуваме се повеќе и повеќе како репрезентација, без разлика на тоа што овие момци немаат, ама скоро никакво, прволигашко искуство. Секој од нас мора да даде максимум кога игра за Македонија, изјави Самарџиев.

Македонските кошаркари во првиот дел од подготовките одиграа три пријателски натпревари на гостувањето во Романија - два против соодветната селекција на Романците и уште еден против нивната селекција „Под 18“ години.

Согласно со планираните активности, веќе во среда, во Скопје, поточно во салата на СРЦ „Кале“ (од 17 часот) ќе гостуваат младинците на Косово. А два дена подоцна, во петок, предвидено е гостувањето во Качаник, каде двете репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателскки натпревар во средишниот дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...