Монтоја: Верстапен и Волф се сретнаа за да потпишат договор

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, проговори за потенцијалниот трансфер на Макс Верстапен од Ред Бул во Мерцедес.



-Мислам дека Макс и Тото се сретнаа за да го потпишат договорот. Ако Макс стигнал до оваа фаза од преговорите, тогаш тој разгледал сè, разговарал за сè и донел одлука. Веројатно е последниот чекор. Мислам дека тие избраа да го потпишат договорот лично, а не преку е-пошта. Значи, веројатно е вистина.

Мислам дека Верстапен би бил подобар избор за Мерцедес отколку за кој било друг тим. Но, прашањето е: дали Мерцедес е подготвен да се откаже од Џорџ Расел? Што се однесува до Антонели, ми се допаѓа, но му недостасува искуство, иако е брз. Дали тимот е подготвен да преземе ризик и да го стави во пар со Расел? И што ќе произлезе од тоа? Помислете колку тимски колеги кои ги имал Верстапен ги продолжиле своите кариери во Формула 1, изјави Монтоја за „GPBlog“.

Според него карлос Сајнц би можел да го замени Верстапен во Ред Бул, доколку Холанѓанецот го напушти тимот

-Ако Макс замине, а Мерцедес го задржи Расел, тогаш Ред Бул веројатно ќе го потпише Сајнц. Ред Бул имаше можност да го покани Карлос, но Макс не сакаше тој да му биде тимски колега, додаде Монтоја.

Верстапен е четирикратен светски шампион во Формула 1, победи последните четири сезони по ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...