Ивановски: Вардар пред една година беше во кал, сега е во позиција да ја брани честа на македонскиот фудбал

Игор Ивановски, спортскиот директор на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, во емисија на МРТ зборуваше за тоа како се успеа во проектот за враќање на „црвено-црните“ на вистинскиот пат.



- За само 364 дена, Вардар не само што излезе од калта во која го затрупаа сите оние кои што „најмногу го сакаа“, туку успеа да го освои Купот на Македонија и да се пласира во квалификациите во Конференциската лига. Клубот кој беше на дното, со долгови до гуша, денеска стои исправено, растоварен од блокади. Имаше повеќе финансиски проблеми отколку играчки. Ако некој пред една година кажеше дека денеска ќе зборуваме за второ квалификациско коло во Конференциската лига, ќе изгледаше како невозможна мисија. Клубот се врати таму каде што треба да биде. И со самото тоа Вардар ја спаси честа на македонскиот фудбал. Има екипи кои со децении играат во Европа и не можат да направат еден чекор напред, рече Ивановски.

Вардар кој денес слави 78 години постоење, в четврток ќе игра со Лозана во 2. квалификациско коло на Конференциската лига.

Ивановски верува во позитивни резултати во следните години.

- Создаден е тим кој ќе атакува на победи и успеси. Клубот нема сериозни финансиски проблеми, стои стабилно. Но, во Вардар работите се менуваат од час во час, од ден за ден, па затоа одиме чекор по чекор, сега мислиме само на Лозана. Потребен е план, луѓе и сериозни спонзори кои ќе ја препознаат визијата за спас на македонскиот бренд, и еве денеска сето тоа носи експресни резултати, она што беше претходно и сега тоа што е Вардар е разлика во светлосни години.

Првиот натпревар од пресметката меѓу Вардар и Лозана се игра на арената „Тодор Проески“ со почеток во 20:30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...