Македонија поразена од Ангола

Македонската машка кошаркарска репрезентација е поразена од Ангола во првиот натпревар од предолимпискиот квалификационен турнир во Каракас, со резултат 84-88.

На крајот на првата четвртина Ангола веќе водеше со 32-21, а на полувремето во соблекувалните заминавме со 13 коша негатива и резултат 40-53, но затоа во средината од последната четвртина, тројката од Бо Мекејлеб не доближи на 70-76, по што следеа и 2 поени од Предраг Самарџиски. Резултатот на семафорот по двата поени гласеше 72-76, а по тајм аутот од тренерот на Ангола, со тројката од Стојановски, резултатот го доближивме повторно на четири поени негатива, 74-78. Во последните секунди од натпреварот не успеавме да го здржиме темпото, и резултатот на крајот од натпреварот семафорот гласеше 88-84 за Ангола.

Лестер Бо Мекејлеб со 21 кош и 5 асистенции беше најефикасен во македонската селекција а Едуардо Мингаш со 24 коша и 6 асистенции беше најефикасен кај Ангола. Мекејлеб и Дамјан Стојановски го завршија натпреварот со 4 лични грешки.

Од останатите натпревари кои денеска се одиграа во групата А, Грција беше подобра од Јордан со 107-63, а во групата Ц Русија ја декласираше Јужна Кореја со 91-56. Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од групата Д, кога за противник ќе ја има репрезентацијата на Нов Зеланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе се враќа од школо и му се фали на татко му:
- Тато, денеска за малку ќе добиев петка!
- Како тоа за малку?
- Па така. Доби детето што седеше до мене.

* * *
Оди...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
10 п.н.е.- Роден е римскиот цар и историчар...
1502.- Италијанскиот морепловец Христофер...
1744.- Роден е Жан батист ламарк, француски...
1798.- Во заливот Абукир, во Средоземното Море,...